Првите две недели во јули се резервирани за квалификациите во Европа лигата, македонските тимови , А. Пандев, Шкупи и Македонија ЃП . очекуваат прогрес во второто коло.

Екипата на  Академија  Пандев  првиот меч го игра дома против тимот на  Зрински , на 11 јули со почеток во 19 часот тимот од Струмица ќе биде домаќин на Арената во Скопје.  Шкупи истиот ден гостува  кај Пјуник од 15:30 часот, Македонија ЃП исто така на гости го игра првиот меч против  Алашкерт  во Ереван од 17 часот.

На реваншите,  Македонија ЃП  во Скопје на стадионот на ФФМ, натпреварот со Алашкерт го игра со  почеток од  16:30 часот. Шкупи, реваншот со Пјуник ќе го одигра на Арената во Скопје , терминот е  20:30 часот. Академија  Пандев реваншот со  Зрински во Мостар го игра  19 часот.