Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини ќе мора да ја прифати реалноста и да ја отслужи до крај суспензијата од четири години поради примање мито.

Ова е одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој денеска ја одби жалбата на адвокатскиот тим на Платини.

Од судот информираа дека жалбата е одбиена земајќи ја во предвид сериозноста на делотот и високата позијата на Платини и потребата да се врати угледот на спортот.

Ова е петти пат како жалбите на Платини за прекин на суспензијата да бидат одбиени.