Ждребот за 1/32-финалето на ФА Купот сакаше во оваа фаза, да се соочат градските ривали Ливерпул и Евертон. Овој меч е дерби, а покрај овој дуел огромно вниманиел привлекува дуелот и на Манчестер Јунајтед и Вулверхемтон.

Овој дуел е реприза од минатата сезона кога токму „волците” ја елиминираа екипата на Оле Гунар Солскјер во четвртфиналето, откако победија славеја со  2-1. Носителот на трофејот, Манчестер Сити ќе биде домаќин на Порт Вејл, Тотенхем ќе се соочи со Мидлзборо, Челзи ќе го пречека Нотингем Форест.

За нас посебно интересен ќе биде дуелот меѓу Арсенал и Лидс за кој настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.