Плејмејкерот на Наполи, Фабиан Руиз ова лето ќе биде топ тема во Италија но и во Шпанија откако Реал Мадрид и Барселона сериозно загризале за играчот кој оваа сезона покажа дека е еден од најдобрите во светот на оваа позиција.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис верува дека Реал Мадрид и Барселона ќе мора сериозно да се наддаваат со понуди па продажбата на Руиз ќе достигне висока цена.

Руиз во моментов вреди 90 милиони евра но од Наполи веруваат дека може да добијат многу повеќе ова лето за играчот кој го платија 27 милиони евра во јули 2018.