Ливерпул сезонава игра на високо ниво и се чини дека ова е таа сезона кога ќе го прекинат постот од 30 години во Премиер лигата без титула. Сепак, следните месец -два се најбитни за тимот од Енфилд, а во тој период се чини ќе бидат без Фабињо. Бразилецот доголо време се адаптираше на англискиот фудбал , а сезонава е еден од носителите на играта на Ливерпул.

Тој го повреди скочниот зглоб на дуелот со Наполи во Лигата на шампионите. Бразилецот сезонава се промовираше во незаменлив дел од првиот тим на Германецот и неговото отсуство сигурно ќе биде голем проблем.

Англиските медиуми предвидуваат дека Фабињо ќе биде надвор од терените следните 10 натпревари, а тоа значи дека ќе го пропушти Светското клупско првенствто. Добра вест е што Наби Кеита се враќа во тимот, кој се очекува да го замени Бразилецот.