Поранешниот фудбалски стратег Фабио Капело јавно ја критикуваше фудбалската филозофија на Антони Конте во Интер по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Капело кој сега работи како стручен коментатор за „Скај Спорт“ тврди дека Интер погрешил со формацијата и со пристапот против просечен Реал Мадрид.

„Интер започна многу лошо и му недостигаше храброст, имаше потешкотии со се. Тројца дефанзивци во линија против еден напаѓач значи дека во средниот ред сте инфериорни. Во второто полувреме Интер со играч помалку повеќе ми се допадна. Играа со четворица во одбрана и беа подобри. Реал Мадрид имаше многу проблеми пред овој меч, ова беше просечен Реал Мадрид. Интер мораше да направи нешто повеќе, Конте време е да го промени стилот на игра.“ – вели Капело.