Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентативец на Португалија Фабио Коентрао ќе кариерата ќе ја продолжи во Грција, откако стави потпис на двегодишен договор со грчкиот фудбалски тим ПАОК.

Коентрао како слободен фудбалер го напушти португалскиот Рио Аве и ја прифати понудата на грчкиот шампион.

Претходно Коентрао играше за Монако, Спортинг Лисабон и Бенфика. Со Реал Мадрид ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Суперкупот на УЕФА и Копа дел Реј.