Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри се сретнал со управата на Реал Мадрид оваа недела и сака да го преземе местото тренер во мадридскиот клуб, јавува новинарот Фабрицио Романо. Зидан речиси сигурно заминува на крајот на сезоната, се чека само официјалната потврда.

Романо исто така наведува дека Алегри е во контакт со Реал Мадрид уште во март. Го сакаат и некои италијански клубови, пред се Јувентус, но за Алегри приоритет било заминување во Мадрид.

Сепак се уште не е сигурно дали Реал Мадрид ќе се одлучи за Алегри. Се разгледуваат и други кандидати, а еден од нив е и легендата на клубот, Раул Гонзалес, кој во моментов ја Реал Мадрид Кастиља, односно вториот тим на кралскиот клуб.

За Раул тоа би било прво право тренерско искуство, додека Алегри од летото 2019-та година е слободен откако Јувентус го отпушти по пет освоени титули во серија.