Фабрицио Романо утринава објави дека Манчестер Јунајтед го договорил трансферот на Рафаел Варан од Реал Мадрид за 50 милиони евра, плус бонуси.

Варан ќе потпише четиригодишен договор со опција за продолжување на уште една, а платата која ќе ја заработува во Јунајтед се уште не е позната.

На крајот на оваа или почетокот на следната недела тој би требало да ги заврши лекарските прегледи во Манчестер, по што ќе потпише договор и ќе следи службеното претставување.