Јувентус ја започна новата сезона во Серија А со тековниот натпревар против Удинезе, во кој Јуве води со 1: 0, но се чини дека ова гостување на Старата дама „остана во сенка на веста која ги шокираше навивачите на клубот од Торино.

Имено, како што пренесува истакнатиот италијански новинар Фабрицшио Романо, Кристијано Роналдо  побарал да седне на клупата во Удине, односно пред натпреварот изразил желба да го напушти клубот.

Кратко потоа, тренерот Масимилијано Алегри го објави составот во чиј напад не беше Роналдо, туку Паоло Дибала и Алваро Мората.

Потоа дојде потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед, кој го рече следново:

„Донесовме одлука да останеме заедно на клупата. Роналдо ќе остане сто проценти“, изјави Чехот за ДАЗН.

Инаку, договорот на Роналдо со Јувентус истекува следното лето.