Италијанските медиуми пренесуваат дека УЕФА е решена сезоната во Лигата на шампионите да се догира во со Фајнл-фор систем а Турција повеќе не е посакувана локација за одржување на турнирот.

Откако продолжи сезоната во Бундес лигата, Германија покажала капацитет за справување со предизвикот и најверојано ќе добие шанса да го организира заедно со УЕФА завршниот турнир во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа.

Четвртфиналните реванши меѓу Барселона и Баполи и меѓу Јувентус и Лион ќе бидат одиграни на неутрален терен а потоа четирите најдобри ќе бидат упатени во Германија.

Сезоната во Лигата на шампионите се очекува да се доигра во втората половина на Август.