Кога пристигна од Челзи пред две години, навивачите на Арсенал се прашуваа што е поентата да се донесе играч кој одамна го достигна зенитот во својата кариера, тие реагираа бурно на секоја, па и на најмалата грешка, но на крајот на сезоната конечно можат да се израдуваат бидејќи  како што пренесува  Атлетик, Давид Луиз ќе го напушти Арсенал во јули.

Бразилскиот дефанзивец е обврзан со договор со Арсенал до крајот на сезоната и реши да го напушти тимот од Лондон по истекот на истиот, за што денес ја известил управата на клубот.

Според Атлетик, Арсенал сè уште не му понудил на Луиз да ја продолжи соработката, но дури и да се случи тоа, изворот истакнува дека 34-годишниот дефанзивец нема ни да го прифати тоа, бидејќи тој веќе решил да го напушти клубот, и покрај фактот дека сезонава со Микел Артета одигра 30 натпревари во сите натпреварувања. Сепак, во последно време се чини дека ја изгуби довербата кај шпанскиот стручњак, бидејќи од почетокот на април одигра само еден од седумте првенствени натпревари.

Во случај Луиз да не ја промени својата одлука, Арсенал сепак ќе има доволен број стопери за следната сезона, бидејќи на Пабло Мари, Габриел, Роб Холдинг и Калум Чемберс ќе им се приклучи Вилијам Салиба по позајмицата во Ница.