Новата десетка на Барселона, Ансу Фати по долгата пауза поради повреда се врати во тимот и успеа да постигне гол во победата над Леванте од 3:0.

Фати доби шанса во 81 минута а пред крајот на мечот реализираше по што голот му го посвети на лекраскиот тим.

 

„Не можев да замислам вакво враќање. Среќен сум поради победата, но пред нас е долг пат. Им благодарам на докторите и на физиотерапевтите кои беа тука за мене цело време. Едвај чекам да му помогнам на тимот.“ – изјави Фати.

Барслеона сега ја очекува дуелот со Бенфика во Лигата на шампионите пред дербито со Атлетико Мадрид закажано за престојниот викенд.