Роналд Куман засега сепак е сигурен на клупата на Барселона, но во клубот атмосферата е таква што се чини дека следен кикс би можел да му пресуди. Според медиумите најголем фаворит за негов наследник е клупската легенда Чави Хернандез, кој веќе трета сезона по ред срамежливо го собира тренеското искуство во катарски Ал Сад.

Нема никакви дилеми дека тој порано или подоцна ќе седне на клупата на Барселона, а Марка пишува дека се тоа би требало да се случи по заминувањето на Куман.

Прво, Чави сигурно нема да преговара додека Куман се уште е тренер на Барселона. Причината е што Холанѓанецот симбол на клубот. Марка пишува дека Чави следел од страна што се случува на Кам Ноу, но додека тренерското место не остане празно, не му паѓало на памет да разговара за клупата на Барселона.

Понатаму, Чави има добар однос и големо взаемно почитување со претседателот Хоан Лапорта. Виктор Фонт, кој му беше ривал на Лапорта на последните ибзори, во својата кампања го користеше Чави, но легендарниот играч од средниот ред, никогаш не го истакна Фонт како свој фаворит, туку јавно остана неутрален.