Борусија Дормунд веќе утре ја очекува веројатно клучниот меч оваа сезона против Баерн Минехн во борбата за титулата во Бундеслигата.

На овој меч „милионерите“ се соочуваат со повредени фудбалери, а меѓу нив се Матс Хумелс и Аксел Витсел. Под знак прашалник исто така се и Санчо и Џан.

„ Мораме да почекаме да видиме што ќе биде со Матс, но мислам дека 99% ќе може да игра. Витсел тренираше со тимот вчера и веројатно ќе биде исто така на утрешниот меч. Џан има сили да одигра барем 45.минут и тоа е добро“-изјави Фавр.

Во моментот Дортмунд има негатива од четири бода зад Баерн и со евентуален пораз многу веројатно ќе ги загубат сите шанси за титулата во Германија.