Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијан Фавр, на еден од следните мечеви ќе му даде шанса за настап на тинејџерот Јусуфа Мукоко, кој отскокнува со своите игри во тимот на „милионерите“ до 18.години.

Мукоко има само 15.години и игра на позицијата напаѓач, а големиот број на постигнати голови го „присилија“ Фавр да го вметне во првиот тим.и

Мукоко минатата седмица беше дел од репрезентацијата на Германија до 19.години, а за селекцијата до 16.години дебитираше со неверојатни 12.години.

Мукоко сезонава во младинскиот тим на Борусија постигна 50.голови и апиша девет асистенции на 28.настапи во Бундес лигата до 17.години.