Роже Федерер размислува да не настапи на Олимписките игри во Токио, по Рафаел Надал и Хуан Мартин Дел Потро, би можел да биде трет од елитата кој нема да настапи на ОИ.

Конечната одлука Федерер ќе ја донесе по Вимблдон кој завршува првата недела во јули.

Според најавите од таборот на Федерер, конечната одлука ќе зависи од резултатот на Федерер на Вимблдон, неговата физичка подготвеност.

„Заедно со тимот ќе решиме после Вимблдон, резултатот ќе има влијание, ако играм добро можноста да настапам во Токио е голема, се ќе биде решено по настапот на овој Гренд Слем“ – изјави Федерер.