Набил Фекир се поврзуваше со многу попопзнати клубови од Бетис а беше и пред трансфер во Ливерпул но на крајот офанзивниот плејмејкер одлучи да ја прифати понудата од Шпанија.

„На моменти не можам да ја разберам мојата одлука. Тешко ми е да се навикнам во тимот кој не игра секоја година во Лигата на шампионите како што тоа го прави Лион. Сепак, јас сакам предизвици колку тие на моменти да звучат лудо.“ – изјави Фекир.

Фекир во моментов е еден од најдобрите играчи на Бетис и можно е веќе во следното лето одново да има можност да го менува клубот со некој кој има посериозни амбиции и можности.