Жоао Феликс добро мина по црвениот картон поради навреда кон судијата.

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс доби два жолти картони за кратко време против Атлетик Билбао, а му се закануваше дополнителна суспензија затоа што беше исклучен поради навреда на судијата.

Шпанските медиуми пишуваа дека фудбалерот на Атлетико можел да добие казна и од 12 натпревари, но сепак суспензијата ќе биде многу пократка.

Феликс беше казнет со само два натпревари суспензија, па нема да игра против Хетафе и Алавес.