Бразилскиот фудбалер Хуан Фелипе пристигна во Македонија и веднаш замина да ги заврши обврските околу потписот на договорот со македонскиот фудбалски шампион Шкендија.

Фелипе долги години ги бранеше боите на најтрофејниот македонски клуб Вардар и сега со тетовскиот тим ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една година.

Бразилецот веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ќатип Османи,но нема да биде настапи на првиот меч од квалификациите за пласман во ЛШ во Талин против екипата на Номе Калју.

Според информациите Фелипе ќе биде подготвен за мечот во Скопје.