Бразилскиот фудбалер и играч на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија Вардар, Хуан Фелипе ќе потпише едногодишен договор со македонскиот првак Шкендија со можност за уште една дополнителна сезона доколку ги задоволи вкусовите на тетовчани.

Фелипе во Вардар дојде од 2016 година од бугарската ЦСКА Софија каде по три сезони замина во Каират (Казахстан), а потоа повторно се врати во македонскиот тим во вториот дел од минатата сезона.

Бразилецот ќе биде екстра засиулување за Шкендија,во пресрет на новата сезона.