Елиф Елмас ќе биде третото летно засилување за Наполи а Фенербахче ќе заработи од 16 до 18 милиони евра. Денеска во Турција биле услогласени сите детали колу трансфер оштетата и останува уште Елмас утре да ги мине лекарските прегледи.

„Ова е историска зделка во Турција. Преговорите беа долги и исцрпувачки затоа што неколку големи европски клубови беа заинтересирани за него. Влијанието на Анчелото на крајот се покажа како пресудно“ – изјави Георге Галди, правниот застапник на Елмас.

Македонскиот репрезентативец утре ќе слета во Италија, по што ќе следуваат медицинските прегледи а потоа и официјализирањето на трансферот.