Управата на Фенербахче наскоро ќе започне преговори со Шкендија околу евентуланиот трансфер на Омер Имери во Турција, пренесуваат тамошните медиуми.

Клубот од Истанбул верува дека Имери има голем потенцијал, сличен на тој на Елиф Елмас кој од Работнички направи трансфер во Фенер а потоа премина во Наполи.

Имери на трнасфер пазарот вреди околу 250 илјади евра а можно е Шкендија да бара нешто над 1 милион евра за Имери.