Трансферот на Пауло Дибала во Манчестер Јунајтед пропадна поради желбите на агентите на играчот. Тие бараа 12 милиони евра за реализација на транферот за лична заработка и 50% од правата за употреба на ликот на Дибала.

Навивачите на Јунајтед беа категорични дека го сакаат напаѓачот на Јувентус на „Олд Трафорд“ но има и такви како легендатата на клубот, Рио Фердинанд со поинаков став.

„Среќен сум што не дојде во Јунајтед, мислам дека му недостигаат главните минерали за да биде играч на Манчестер Јунатед. Ние сакаме некој што ќе верува во идејата да го врати клубот на врвот, некој подготвен за сериозен чекор.“ – изјави Рио Фердинанд.

Поранешниот стопер на Јунајтед верува дека проектот кој го раководи Солскјер со млади играчи наскоро ќе ги покаже резултатите а навивачите ќе го препознаат планот на Норвежанецот кој сака да го врати напаѓачкиот фудбал и играта преку крила во стилот на Фергусон без притоа да купува скапи ѕвезди.