Европското првенство започнува утре со премиерниот натпревар  помеѓу Италија и Турција, а според многу спортски работници најголеми фаворити се актуелните светски шампиони, Французите.

Истото мислење го делат и Рио Фердинанд, Гери Линекер и Алан Ширер, кои за Би-Би-Си откриле дека репрезентацијата на Франција во моментов е без конкуренција на шампионатот на Стариот континент.

„Франција победува. Тие имаат талентирани играчи на сите позиции “, изјави Ширер за Би-Би-Си, а Фердинанд се согласи:

„Французите имаат најширока и најквалитетна екипа, затоа ми се омилени“, истакна легендата на Јунајтед

Истото го мисли и Гери Линекер:

„Тешко е да се именува некој друг .Французите го загубија финалето пред пет години, а после тоа го освоија Светскиот куп и го вратија Карим Бензема. Тие се уште напредуваат, имаат многу млади одлични играчи и мора да бидат фаворити“.