Рио Фердинанд во неколку наврати излегува со анегдоти за Кристијано Роналдо и за неговата професионалност.

Според него Португалецот и НБА ѕвездата Леброн Џејмс се спортисти за кои треба да се пишуваат книги, притоа додавајќи дека во историјата на спортот немало попосфетени атлети од овие двајца.

 

„Кога се во прашање Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс, за двајцата треба да се издвои по цела страна и да се пишува. Роналдо сега има 34 години и се уште е на врвот во фудбалот, а веќе цела декада е меѓу најдобрите во светот. Леброн веќе 17 години е во НБА и игра на највисоко ниво. И двајцата се смешни“- изјави Рио.

Фердинанд со Роналдо во дресот на Манчестер Јунајтед освоија 4. Премиер Лиги и во 2008. година се искачија на Европскиот трон.