Легендата на италијанскиот фудбал Џанлука Вијали е нов сопственик на италијанскиот фудбалски клуб Сампдорија од Џенова.

Поранешниот италијански репрезентативец ќе плати 140 милиои евра на Фабрицио Фереро кој досега го водеше клубот.

Во својата играчка кариера Вијали ги носеше дресовите на Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челзи, а последните години работеше како стручен коментатор на „Скај Италија“.