Бомбастична вест одекна денес во која Сер Алекс Фергусон е обвинет за местење натпревари.

Имено, италијанскиот менаџер Џузепе „Пино“ Палјара на судење за корупција тврди дека Фергусон се заложил да намести натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Јувентус во Лигата на шампиони, а како благодарност добил Ролекс часовник вреден 30.000 фунти.

Пино Палјара

Палјара наведе обвинувања и за други фудбалски лица како Стив МекЛарен, Хари Реднап…

Италијанскиот менаџер со поранешниот помошник менаџер на Барнли, Томи Рајт, се обвинети за голем број фудбалски нерегуларности, кои вклучуваат корупција и местење натпревари. После тој скандал и тогашниот селектор на Англија, Сем Алердејс си поднесе оставка.