Управата на Манчестер Јунајтед ќе има жешко лето ако сака во следната сезона да ги има на располагање најдобрите играчи.

Прво, Кавани се уште нема потврдено дали ќе потпише нов договор или ќе го промени клубот во јуни. Пол Погба нема ништо против да стави потпис на нов четиригодишен договор но само ако заработува по 450 000 фунти неделно.

На ова се надоврзал и Бруно Фернандес кој сака да остане во Јунајтед, кој пак му нуди нов договор со плата од 200 000 фунти неделно, но има едно ултимативно барање, тоа ќе го направи само ако Погба потпише нов договор.

На потег е Солскјер кој треба да одлучи дали вреди Погба да добива така голема плата, или пак ќе го наруши односот со Фернандес кој има договор со Јунајтед од јуни 2024 година.