Фудбалерот на Манчестер Сити, Фернандињо во текот на својата кариера се сретнал со вонсериски играчи како Кристијано Роналдо, Меси, Нејмар, но за него најтежок противник против кого играл е Диего Коста.

Овие двајца имаа прилика да играат еден против друг во Премиер лигата додека Шпанецот го носеше дресот на Челси.

„ Играв против многу тешки ривали од Роналдо, до Меси, Мбапе. Сите се фантасични, но за мене убедливо најтешко беше да играм против Диего Коста. Во Челси беше во фатнастична форма“-изјави Бразилецот.