Македонија ЃП, утре ќе го пречека Борец во натпревар од 5 коло во ПМФЛ. „Лавовите“ од Ѓорче се непоразени во новата сезона а во дуелот со велешани влегуваат од второто место на табелата.

Дека амбициите се високи во соблекувалната на Таневски, потврдува и изјавата на левиот бек на Македонија ЃП, Фернандо Агусто.

“За да покажеме дека не е случајно што сме втори на табелата, а и за да го нападнеме и првото место, мора утре да го докажеме тоа на терен. Само три бода се опција за нас на домашен терен.. респект за секого, но утре Македонија Ѓ.П. ќе покаже кој е кој во Ѓорче!” – изјави за клупски сајт Фернандо Аугусто.

Во минатото коло Македонија ЃП славеше го нагостувањето во Кратово против Силекс со 4:3 а Борец ја победи Шкендија на домашен терен со 1:0.