Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Иеро смета дека сегашниот капитен на „кралскиот“ клуб Серхио Рамос не е доволно ценет колку што заслужува.

„Што Серхио Рамос значи за фудбалот ќе се види по неговото пензионирање“-изјави Иеро за „Марка“.

Голем дел на луѓе му замеруваат на Рамос дека е „валкан“ играч, но со таа констатација не се сложува Иеро.

„Не би се согласил со тоа. Рамос воопшто не е агресивен фудбалер. Понекогаш добива жолт картон како би спречил неговиот тим да прими гол.

Изминатиот период во шпанските медиуми излезе информација дека Икер Касилјас ќе се кандидира за претседател на Шпанскиот фудбалски сојуз, а Фернарндо му дава целосно поддршка на легендарниот голман на Шпанија и Реал Мадрид.