Борусија Дортмунд е неверојатно ефикасна екипа, постигна 23 гола на првите пет средби во Бундеслигата во 2020 година.

Тренерот на „милионерите“, Лусијан Февр смета дека ПСЖ е опасен тим кој знае што сака.

„Ги анализиравме добро, секој нивни играч е добро анализиран поединечно, многу се опасни во нападот, ова се натпревари на кои се е можно, ние имаме неколку нови играчи, добро сме подготвени“ – изјави Февр.