Управниот одбор на ФФМ на денешната седмица ги обелодени цените на билетите за  историскиот полуфинален бараж на Македонија против Косово на 26 март во Скопје. Тие ќе чинат од 300 до 400 денари.

Деталите за нивна продажба, ќе бидат дополнително објавени. На западната трибина ќе се наоѓаат од Арената „Тодор Проески“,  која ќе бидат сместени сите навивачки групи од земјава, после обединувањето во Тетово, по што заеднички објавија дека се обединуваат за оваа историска пресметка во која Македонија ќе брка виза за Евро 2020.

Се очекува навивачите на плоштадот „Македонија“ да се соберат од 17 часот и оттаму во кортео да тргнат кон стадионот за мечот кој е закажан за 20.45 часот.