За време на викендот продолжуваат возбудувањата од 2. коло од ПМФЛ, а Фудбалската Федерација на Македонија ги одреди термините и службените лица кои ќе бидат дел од редовното коло.

Главен судија на дербито помеѓу Силекс и Шкендија кој ќе се одигра во Кратово ќе биде Марјан Ецкоски.

На мечот Борец – Вардар правдата ќе ја дели Јосип Бартон, а најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе застане на центарот на мечот меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев.

Игор Стојчевски ќе суди на Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје на која Работнички ќе го пречека Шкупи.

На последниот натпревар од оваа коло Ренова е домаќин на Струга , а главен судија ќе биде Благојче Ралевски.

 

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 2.КОЛО (18.08.2019) 17ч.

Силекс – Шкендија: Марјан Ецкоски (Охрид)

Македонија ЃП – А. Пандев: Александар Ставрев (Скопје)

Борец – Вардар: Јосип Бартон (Скопје)

Ренова – Струга Трим Лум: Благојче Ралевски (Битола)

Работнички – Шкупи: Игор Стојчевски (Скопје) (17.08.2019)