ФФМ објави дека од денеска се пуштени во продажба влезниците за дуелот со Косово на 26 март на арената „Тодор Проески“.

Доколку сакате да ја бодрите нашата репрезентација во полуфиналето од Лигата на Нации што прептоследен чекор пред пласман на ЕУРО 2020 ќе треба да одвоите меѓу 300 и 400 денари за место на јужната или северната трибина.

СООПШТЕНИЕ НА ФФМ :

„Фудбалската федерација на Македонија ги известува сите навивачи и поддржувачи на македонската А репрезентација за почетокот на продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Косово од плеј – од фазата за пласман на Европското првенство 2020.

Македонската А репрезентација против Косово на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ го игра полуфиналниот натпревар од Лига на Нации.

Влезниците за натпреварот се пуштени во продажба од 03.03.2020 год. преку продажната мрежа на MKTickets и следните избрани места:

–  Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот)

–  T.A. Глобус – Охрид

–  T.A. Бран – Прилеп

–  Кафе бар „Концепт“ – Струмица

–  Симбол Кафе – Штип

–  Литература – Битола

–  Киоск Корзо – Неготино

–  Уни сон – Велес

–  Тобако Лени + – Гевгелија

–  Либеро Травел – Кочани

Влезница за јужната и северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари.

Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа).

Секој билет ќе биде персонализиран.

Ги известуваме сите навивачи и поддржувачи на нашата најдобра репрезентација дека на денот на натпреварот со себе треба да носат документ за лична идентификација бидејќи при влегувањето на Националната арена за натпреварот на 26. март, редарската служба (претставници на Министерство за внатрешни работи) ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците и нема да им овозможи влез на трибините на оние навивачи кои под друго име ќе се обидат да влезат на Националната арена. Предупредуваме навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците.

Ги повикуваме сите гледачи, поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите фудбалери да стигнат до вредна победа и да ја доближат Македонија до пласман на ЕВРО 2020.

Благодарност до сите навивачи за верната поддршка, ви посакуваме да уживате во натпреварот и со ваша поддршка да оствариме голема победа на патот до нашето историско место на Европското првенство 2020.“ – соопштуваат од ФФМ.