ФФМ на денешната седница одлучи  сезоната да се доигра по скратен систем со плеј оф и плеј аут, според предлог прифатлив за најголемиот број клубови од Прва МФЛ, Комисијата за натпреварување предложи, а Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот.

По ова прашање, Управниот одбор на ФФМ, дискутираше за наводите од дописот доставен до федерацијата од ФК Силекс во кој се наведува дека „единствениот орган кој може да го смени Правилникот за натпревари е Собранието на ФФМ.

УО на ФФМ одлучи според правилата на УЕФА и ФИФА и согласно Член 176 од Статутот:

Управниот одбор на ФФМ при донесувањето на одлуката за промена на системот на натпреварување го имаше во предвид Член 176 од Статутот на ФФМ во кој стои: „Во случај на виша сила и прашања кој не се регулирани со Статутот на ФФМ, надлежност за одлучување има Управниот одбор на ФФМ, кој при одлучување ќе ги земе во предвид правилата на ФИФА и УЕФА, позитивните законски прописи и начелото на право и праведност“ и Член 16 од Правилникот за натпреварување во кој стои: „Во случај Собранието да не може да се состане поради вонредни или оправдани околности, а причината за промена на системот е неопходна, Управниот одбор на ФФМ со 2/3 мнозинство има овластување да постапи и одлучува за промена на системот“.

Управниот одбор на ФФМ со потребното 2/3 мнозинство ја донесе одлуката. За одлуката 13-ет членови од У.О. гласаа „за“, еден член на У.О. беше „против“ и еден „воздржан“.