ФФМ ја следи ситуацијата во земјата и ги зема в предвид размислувањата и предлозите на клубовите, клучно за да се доигра сезоната во ПМФЛ се мерките и упатствата од здравствените институции, многу веројатно е дека промени во однос на таа одлука се можни е ставот на „Куќата на фудбалот.

Нема безусловна одлука, како што не се знае како ќе се одвива ситуацијата во земјата со пандемијата предизвикана од Ковид-19.

„При носењето на одлуката за продолжување на натпреварите од Првата лига, ФФМ ги имаше в предвид размислувањата и предлозите на сите клубови од Прва МФЛ, но клучно при носењето на одлуката беше ставот на координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19 и клубовите од Прва МФЛ чии претставници беа на состанокот во „Куќа на фудбалот“ и прифаќајќи го здравствениот фудбалски протокол недвосмилено дадоа „зелено светло“, тимовите да започнат со подготовка за враќање на натпреварите. Се разбира, постојано следејќи ја моменталната здравствена ситуација во државата, за ФФМ одлуката за продолжување на првенството во Прва МФЛ не значи дека е безусловна. Во зависност од протоколот на државата, мерките и упатствата од здравствените институции, многу веројатно е дека промени во однос на таа одлука се можни. Соочени со пандемијата и досега потврдивме дека една работа на сите нас ни е посебно јасна: Здравјето е на прво место“ – информираат од Фудбалската федерација на Македонија.