Фудбалската федерација на Македонија подготви изненадување за навивачите кои ќе го следат мечот меѓу Македонија и Словенија од 7 коло од евроквалификациите на арената „Тодор Проески“ во Скопје закажан за утревечер од 20:45 часот.

„Фотографирајте ги Вашите карти од стадион за време на натпреварот со Словенија.Објавете ги во коментар на овој пост. Ставете ги хаштазите#СегаЕНашеВреме #НапредМакедонија. Ние по случаен избор ќе ги одбереме среќниците кои ќе добијат дрес, топки и други вредни награди.“ – информираат од ФФМ.

Повеќе за ова од линкот во продолжение.