Со помош на програмата за развој на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија ќе започне со активностите за реконструкција и изградба на трибината на стадионот „Чаир“ во Скопје. Од ФФМ информираат дека предходно склучиле соработка со општините за проектите кои го опфаќаат и стадионот во Охрид „Билјанини Извори“.

„Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, сѐ со цел да обезбедиме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин и искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА.“ –  изјави претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини за официјалниот сајт на федерацијата.

Управниот одбор на ФФМ денеска го донесе и календарот за натпреварувачката сезона 2019/2020.