Управниот Одбор на ФФМ одржа седница на која информираше дека барањето за укинување на котизацијата на вторлигашите е неосновано.

„Според  појаснувањето , клубовите од  ВМФЛ клубовите поради погрешно пренесена информација поднеле барање за укинување на котизацијата. Имено, на клубовите од Прва МФЛ не им е укината котизацијата, истата како обврска е уредена со Пропозициите за натпреварување во Прва МФЛ. ФФМ ја нема преземено обврската за регулирање на котизацијата на клубовите од Прва МФЛ, која впрочем, исто како и котизацијата на клубовите од Втора МФЛ – исток и Втора МФЛ – запад, се однесува на регулирање на трошоците на службените лица на натпреваритe кога клубовите се јавуваат како организатори и домаќини на истите. Котизацијата за која станува збор не е финансиска обврска со која ФФМ го регулира учеството во натпреварувањето. Фудбалските клубови немаат обврска на матичната куќа да и плаќаат котизација за учество во лига, станува збор за одлука со која ФФМ заради одржување на интегритетот на натпреварувањето во име на клубовите ги регулира трошоците за службените лица“

Покрај ова од куќата на фудбалот информираат дека  ФФМ со цел промоција на натпреварите од Прва и Втора МФЛ, ФФМ во последните сезони промовираше ТВ платформа преку која во последните неколку сезони се реализираат директни преноси од натпреварите од МФЛ, меѓудругото и за да се овозможи натпреварите од домашниот шампионат да бидат достапни на пошироката јавност.

Со ваквиот пристап и преговорите во изминатиот период, ФФМ оствари контакт и е во фаза на потпишување на договор со медиумска куќа која покажа интерес за продукција и пренос на натпреварите од Прва МФЛ. Со оглед на фактот дека добиените финансиски средства по овој основ би биле доволни за регулирање на котизацијата на клубовите од Прва МФЛ, ФФМ им ја презентираше понудата на клубовите од Прва МФЛ и се договори за начинот на реализација на директните ТВ преноси, односно нивните обврски кои произлегуваат од ваквиот договор.

Одлуките на УО на ФФМ  од денешната седница:

1. Се одбива барањето на клубовите од Втора МФЛ – исток и Втора МФЛ – запад за укинување на котизација за натпреварувачката 2019/20 како неосновано.

2. Се задолжуваат клубовите од Втора МФЛ – исток и Втора МФЛ – запад кои не ја регулирале навремено котизацијата за натпреварувачката 2019/20 истата да ја регулираат и доказ за извршената уплата да достават до Комисијата за лиценцирање на ФФМ најдоцна до 01.08.2019 година, 12:00 часот.

3. Клубовите кои не ги исполниле критериумите за лиценцирањe, не ги исполнуваат условите за натпреварување во натпреварувачката 2019/20 и истите нема да влезат во извлекувањето за натпреварувачката сезона 2019/2020.

4. Оваа одлука стапува на сила веднаш, истата да се достави до клубовите од Втора МФЛ – исток и Втора МФЛ – запад, Комисијата за лиценцирање на ФФМ и Комисијата за натпревари на ФФМ.

5. Одлуката да се објави во службениот лист на ФФМ – „Макфудбал“.

-Управниот одбор на ФФМ на денешната седница ги донесе Пропозициите за Прва МФЛ, Пропозиции за младинските натпреварувања, Пропозициите за Прва ЖФЛ, Пропозиции за млади категории во женска конкуренција и Пропозиции за детски фудбал;

-Управниот одбор на ФФМ ги усвои измените и дополнувањата на Дисциплинскиот правилник и Правилникот за натпреварување;