Управниот одбор на ФФМ вчера одржа редовна седница, меѓу другото донесена е одлука на барање на медицинскиот тим на А-репрезентацијата да набави современа опрема за побрџза рехабилитација на играчите.

Во соопштението на ФФМ од заклучоците на седницата на УО ја издвојуваме одлуката за набавка на медицинска опрема.

„У.О. на ФФМ на барање на медицинскиот тим во А македонската репрезентација донесе одлука за набавка и обезбедување на медицинска опрема (GAME READY – апарат за комресиона крио терапија, NORMATEC – апарат за лимфна дренажа, COPEX – апарат за електро терапија, како дополнување на апаратурата за физикална терапија која веќе репрезентацијата ја има на користење, додатоци за GAME READY за побрза и поквалитетна рехабилитација“ – стои во информацијата на вебсајтот на ФФМ.

Македонската фудбалска репрезентација на 10 октомври ја пречекува Словенија во Скопје, потоа гостува кај Полска во Варшава.