ФФМ донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа Третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од женскиот шампионат и првенството во футсал.

Од Федерацијата посочуваат дека оваа одлука е очекувана по последните препораки од Министерството за здравство кое на секакви начини се обидува да направи превенција од Ковид – 19.

Претходно, Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од младите категории и натпреварите од Детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.