Фудбалската федерација на Македонија претставувана од претседатлот Муамед Сејдини и од генералниот секретар, Филип Поповски земаа учество на денешниот 45 конгрес на УЕФА кој се одржа во швајцарски Монтро.

Од ФФМ соопштија како минал конгресот на кој главна тема беше најавата за формирањето на Суперлигата во клупски фудбал.

„Учесниците на Конгресот на УЕФА се обединија во тврдењето дека затворената „Суперлига“ е против концептот на тоа што Европа мора да биде: отворена, принципиелна и со спортски вредности. 

55 членки на УЕФА и учесници на 45-от Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација го осудуваат прогласувањето на т.н. „Супер лига“. 

Конгресот на УЕФА е категоричен дека затворената „Супер лига“ е спротивна на самиот концепт за тоа што значи да се биде европски: унифициран, отворен, солидарен и принципиелен кон спортските вредности. УЕФА и нејзините членки – асоцијации веруваат во вистински европски модел кој се темели на отворени натпреварувања, солидарност и прераспределба за да се обезбеди одржливост и развој на играта за доброто на сите и за промовирање на европските вредности и социјална одговорност.

Клубовите кои заговараат затворено натпреварување очигледно заборавија дека нивниот денешен статус не беше постигнат изолирано, туку беше дел од динамичен европски систем каде што големите, средните и малите клубови придонесоа за успесите и загубите на сите. Нивната претпоставка дека имаат право  да се одвојат и да полагаат право на наследство кое е изградено со заеднички сили е навреда за европските вредности и спортските заслуги. 

УЕФА, нејзините членки и сите оние кои го сакаат фудбалот силно ќе се спротивстават и ќе се борат против сопствениците на клубовите кои заговараат таква лига и против сите оние кои ги поддржуваат. Од морална гледна точка многу добро знаеме што сѐ се крие зад ова и во таа смисла ќе го штитиме фудбалот од себичен клан кој не се грижи за играта. Ние сме европски фудбал. Тие не се.“ – велат од ФФМ.