Првите луѓе на Фудбалските федерации на Албанија, Македонија и Косово се сретнаа во Драч. Се согласија да ги поддржат семејствата погодени од земјотресот.

Фудбалската федерација на Македонија и клубовите од МФЛ им дадоа поддршка на сите погодени од земјотресот што се случи во Албанија.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини го посети Драч, градот во кој е роден и каде што живее неговиот колега, претседателот на Албанската фудбалска Асоцијација, Арманд Дука.

Заедно со мојот колега, претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, бевме во Драч и регионот погоден од земјотресот каде што нè прими нашиот пријател, претседателот на Албанската фудбалска федерација, Арманд Дука. 

Со голема тага за природна катастрофа, ние се приклучуваме на Фудбалската федерација на Албанија во намерата да им помогнеме на семејствата погодени од земјотресот. Заедно со нашите пријатели од фудбалската заедница преземаме обврска за обнова на три срушени куќи од земјотресот со цел да надокнадиме дел од штетите на семејствата погодени од природната непогода.

Сочувство до сите семејства кои ги изгубиле своите најблиски и своите домови, Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.