Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт ќе истрча против Украина во второто коло на ЕУРО 2020.

Во пресрет на натпреварот, од ФФМ излегоа со апел до фановите кои имаат билети за утрешниот натпревар.

„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден.“ – порачуваат од ФФМ.