Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги награди фудбалерите и стучниот штаб во селекцијата до 21 година предводена од селекторот Благоја Милевски.

Македонија во евроквалификациите за играчи до 21 година заврши на второто место во квалификациската груоа со 18 бодови, само еден бод повеќе имаше Шпанија која обезбеди пласман на следниот континентален собир од нашата група.

Поради промената на начинот за пласман поради Ковид-19, Македонија не се најде на завршницата но имаше успешен настап. Ова е наградено со 23 000 евра за играчите и сите во стручниот штаб во У21.