Европската кошаркарска федерација, ФИБА направи неколку измени во однос на календарот за одигрување на натпреварите од евроквалификациите.

Според последните измени, Македонија (сениори) против Италија наместо на 27 ноември ќе игра на 28 ноември. Два дена подоцна нашата најсилна репрезентација ќе игра против Естонија која е домаќин на овој „балон“ турнир.

Во однос на женската кошарка, има измени кои ја засегаат Македонија. Нашата женска сениорска селекција на 12 ноември ќе истрча против Хрватска а два дена подоцна ќе игра со Германија.