Светската куќа на фудбалот ФИФА, оваа година поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, нема да ја додели наградата за најдобар играч „The Best“.

Доделувањето на традиционалната награда требаше да се одржи во Милано во септември , според последните информации, ФИФА размислува и да не се додели наградата „Златна копачка“ за најдобриот стрелец во националните шампионати поради прекините од коронавирусот.