Светската фудбалска федерација ФИФА одлучи да ги одложи сите  репрезентативни натпревари кои требаше да се играат во март и април месец, a причина е пандемијата од Коронавирусот која го зафати светот. Засега нема официјална потврда, но се очекува таа да биде донесена по состанокот на УЕФА кој е закажан за во вторник.

Тоа значи дека историскиот натпревар за Македонија против Косово во рамки на Лигата на нации кој требаше да се игра на  26. март на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје нема да се одржи, а неговиот дополнителен термин за негово одигрување не се знае.